Вардар-лига: „Црвено-црните“ го добија трилер-дуелот со „Дрим-тим“

Само три натпревари се одиграа изминатиот викенд во рамките од ВАРДАР лигата, меѓутоа сите понудија вистинско кошаркарско уживање.

МВП Скопје и Ангели го отворија шестото коло, каде што првото полувреме можеби и го покажа победникот. Со + 13 поени младите кошаркари на МВП Скопје заминаа на паузата, па до крајот не му дозволија на противникот да направи пресврт. Најдобар стрелец беше Урџанис Ф., од КК Ангели со постигнати 18 поени.

Агресивната одбрана и пожртвуваноста во нападот беа двете главни одлики на вториот натпревар , помеѓу Вардар и ФМП Академија. Целиот натпревар се играше исклучително брза кошарка, а домаќините први стигнаа до целта. Гаќев М. беше најефикасен играч со 12 поени.

Сепак кулминацијата на ова коло беше на последниот натпревар, во генерација 2003. Вардар и Дрим Тим (Вардар) во една драматична завршница, ставија печат на ова коло. Бидејќи натпреварот заврши со изедначен резултат (60:60), се играше продолжение, на коешто Вардар постигна 12 поени и победи на натпреварот, додека Дрим Тим не успеа во продолжението да даде ниту еден поен. Најдобар стрелец беше Станковски А. Со 17 поени.

Следниот викенд е резервиран за најмалите минибаскетџии, па на 24 и 25 февруари ќе се одржи и вториот “Минибаскет фестивал” во СРЦ Кале.

РЕЗУЛТАТИ:

Генерација 2005

КК МВП Скопје – КК Ангели 53:41

КК МВП Скопје: Поповски 8, Стевановски 3, Сибиновски 6, Ѓоргевски, Петковски, Шуњевиќ 4, Головски 8, Савов 6, Димитриевски, Сачмаровски, Маневски 8, Адеми, Крстевски 10.

КК Ангели: Колаговска 4, Траткоска 3, Урџанис 18, Илиевски 3, Станковски, Гоневски, Стојчевски 4, Морски 4, Мијалковски 2, Каранфиловски 3.

КК Вардар – КК ФМП Академија 46:40

КК Вардар: Василевиќ 2, Гаќев 12, Гештаковски 3, Луканоски 1, Миндошев 10, Бирбаш 2, Костов 3, Тодев 4, Петревски 9, Дојчиновски, Фрчкоски, Младеновски, Јосифовски.

КК ФМП Академија: Дамчевски 3, Стојановиќ, Кечовски, Коцев, Буклишев 9, Андоновски 2, Јокиќ 2, Стојанов 6, Пејков, Магероски, Поповиќ 4,  Јаневски 6, Иванов 5, Ангеловски 3.

 

Генерација 2003

КК Вардар – КК Дрим Тим (Вардар)

КК Вардар: Станковски 17, Антовски А. 2, Антовски С. 5, Георгиевски 6, Рејмонд, Миндошев 15, Василевски 8, Петровски 7, Цветановски 4, Димитриев 8.

КК Дрим Тим (Вардар): Трајковски 5, Димовски 11, Јовановски 12, Николовски 10, Зафировски 2, Цветановски 5, Илиевски, Чекаловски 3, Даниловски, Јакимовски 2, Костовски 2, Алексовски , Тодев 8.

 

Се вчитува...