Аргентинскиот фудбалер Алехандро „Луло“ Бенитез е вистински херој по одлуката да стави крај на својата кариера за да може да донира дел од црниот дроб на својата внука. Неговата деветмесечна внука Мајло боледува од тешка болест на црниот дроб, кога нејзиниот вујко ја дозна состојбата, без размислување се согласи на трансплантација на црниот дроб. Мајката на девојчето има срцеви проблеми и не можеше да биде донор, таткото не беше адаптабилен, а кога Алехандро дознал дека тој може да помогне, без размислување ја донел одлуката – да му каже збогум на фудбалот за да спаси човечки живот.
„Штом дознав за ситуацијата, не размислив два пати, веднаш се понудив да донирам. Ништо друго не ми беше важно, ни фудбалот, ни кариерата, само сакам да го спасам животот на мојата внука. Нашата фамилија е многу поврзна, многу сме блиски, а таа е ќерка на мој брат, ја сакам исто како да е мое дете. Знам дека и тој би го направил истото ако се работеше за мое дете. Им кажав на целата фамилија дека јас ќе бидам тој што ќе донир. Во моментов сум пресреќен, знаејќи дека Мајло има нова шанса за долгиот живот кој и претстои“, истакна Бенитез.
Операцијата траеше седум часа да поранешниот фудбалер, додека за неговата внука траеше 12 часа. По операцијата, Бенитез истакна дека највозбудлив момент му бил повторната средба со Мајло: „Треперев кога ја видов. Тогаш се уверив дека се’ ќе биде во ред. Највозбудлив момент во мојот живот“, додаде Бенитез.
Добрината секако не останува незабележана, фудбалерот како подарок да доброто дело, очекува своја ќерка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА