1,5 милиони евра казна за Пике за затајување данок

Жерар Пике ќе мора да плати 1,5 милиони евра за избегнување данок. Шпанската управа на приходи го фатила дека избегнувал даноци во три години, 2008, 2009, 2010 и го казнила со 680.000 евра. Начинот на кој Пике избегнувал данок е ист како и за сите други фудбалски ѕвезди кои беа фатени. Тој фиктивно сопствените имиџ права ги продавал на своите компании. Сега откако го загуби спорот со Министерството за финансии ќе треба да плати многу поголема сума.

Пике е дел од големата група фудбалери и тренери кои беа фатени за избегнување данок откако шпанската држава и Министерството за финансии решија од 2013 година детално да се занимаваат со бизнисите во најпопуларниот спорт.

Сите кои беа фатени беа и казнети. Роналдо, Меси, Модриќ, Ди Мариа, Фалкао, Мурињо беа дел од криминални судски процеси и се спогодија со државата. Шпанските фудбалери не одговараат пред криминален суд поради тоа што државата смета дека тие не можат да го скријат имотот. Единствениот кој оди на суд е Чави Алонсо кој не ја признава вината.

Се вчитува...