11 минути му беа доволни на Хрватот да ги освои навивачите на Манчестер Сити: Тој е Ролс-Ројс (ВИДЕО)

Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол ова лето стана најскапиот стопер во историјата откако реализираше трансфер од Лајпциг во Манчестер Сити вреден 90 милиони евра.

Хрватот не кој неодамна беше претставен како нов фудбалер на „граѓаните“ немаше доволно време за прилагодување на новата средина па доби само 11 минути во дебито на отварањето на новата сезона, 11 минути кои му беа доволни да ги добие симпатиите на навивачите на актуелниот европски шампион.

На социјалните мрежи се појави и видео од неговото деби, а коментарите на навивачите одеа во полза на Гвардиол. Еден од нив го нарече „Ролс-Ројс“.

Се вчитува...