Стоилов: Загреб нема да дојде со бело знаме во Скопје

Ракометарите на Вардар остануваат максимално мотивирани и за реваншот со Загреб, на кој „црвено-црните“ сакаат со стил да го визираат новиот пласман меѓу најдобрите осум екипи во Европа. Убедливата предност од девет гола од првиот меч е гаранција за место во четврт-финалето, но капитенот Стоилов најавува дека таа удобна позитива нема да влијае врз залагањето на македонскиот првак.

„Резултатот од Загреб ни дава за право да веруваме дека работата е завршена. Загреб сигурно ќе дојде за да се обиде да го обели образот, важно за нас е да одиграме како што знаеме, како што тоа го сторивме и на првиот натпревар. Свесни сме дека гостите нема да дојдат во Скопје со бело знаме“ – истакна Стојанче Стоилов на денешната прес-конференција.

Натпреварот меѓу Вардар и Загреб ќе се игра в сабота со почеток во 19.30 часот.

Се вчитува...