3×3: Злато за Летонија, бронзата за Србија

Летонија е освојувачот на првиот Олимписки 3х3 турнир во кошарка откако во финалето ја совлада Русија со 21-18. Натпреварот за третото место и припадна на репрезентација на Србија која славеше над Белгија со 21-10.

Србите кои во групната фаза немаа пораз, во полуфиналто не успеаја да одиграат на нивото, а тоа го искористи Русија која славеше лесно со 21-10 и го елиминираше претендентот за златниот медал.

Во женската конкуренција златниот медал им припадна на САД откако во финалето го доби мечот против Русија со 18-15, додека брозениот медал го освои репрезентацијата на Кина која за третото место славеше против Франција со 16-14.

Се вчитува...