„41 засекогаш“ – Далас емотивно ја одбележа вечерта на Дирк Новицки (ВИДЕО)

Еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња, Дирк Новицки ја одбележа изминатата вечер во НБА лигата откако неговиот дрес со број 41 застана високо во „Американ Ерлајнс Центар“. Свечената церемонија беше одржана на полувремето и по натпреварот со Голден Стејт, а актуелната генерација на кошаркари на Мавс предводни од Лука Дончиќ ја крунисаа истата со победа над Вориорс.

Церемонијата на која присуствуваа сопругата и децата на Дирк не помина без емоции, а Германецот им се заблагодари на сите во организацијата како и на навивачите.

Новицки притоа ќе добие и статуа пред арената и истата ќе биде во форма на неговиот претпознатлив „степ-бек“ шут.

Се вчитува...