46 дена по позитивниот тест на Артета, фудбалерите на Арсенал се враќаат на тренинзи

Фудбалерите на Арсенал ќе добијат дозвола да се вратат на тренинзи во базата во Лондон во строго контролирани услови првпат откако менаџерот Микел Артета имаше позитивен тест на коронавирусот. Парцијалното отворање на тренинг кампот е по пауза од месец и половина паралелно со обидите на фудбалот полека да се врати во нормала додека во дел од државите се најавуваат полабави мерки за коронавирусот.

Групни тренинзи и натаму нема да бидат дозволени, на еден терен ќе биде дозволено да работат само неколкумина. Ќе мора да се одржува социјалната дистанца, играчите ќе патуваат сами до местото на тренингот и до дома.

За да може да почне да се тренира, во Арсенал мораше да помине и задолжителниот период за карантин на Давид Луиз, Гранит Џака, Николас Пепе и на Александре Лаказет.

Се вчитува...