Сити Парк Бојс со порака: Паркот не е мртов (видео)

Работнички вечерва го пречекува Куманово во дербито на колото од кошаркарската Супер-лига, а навивачите на „центарци“ создадоа одлична атмосфера давајќи им поддршка на своите миленици во обид да го продолжат стопроцентниот ефект со кој ја стартуваа сезоната.

Трибината резервирана за „Сити парк бојс“ е исполнета д последно место, а зад кошот можеше да се забележи огромен транспарент: Паркот не е мртов!

За враќање на кошарката на местото каде што заслужува неопходен е силен Работнички, но и полни трибини и атмосфера како оваа вечерва во салата „Лазар Лечиќ“ во градскиот парк во Скопје.

Се вчитува...