Антонио Конте оствари фантастичен успех со освоената титула во Премиер-лигата, но трофејниот стратег е свесен за непишаното правило дека е многу полесно да стигнеш до некој пехар отколку истиот да го одбраниш. Воедно, Италијанецот потсети на непријатната традиција во Премиер-лигата тренерите кои освојуваат титули во текот на следната сезона да добијат откази, откако тоа им се случи на Жозе Мурињо во Челси, а потоа и на Клаудио Раниери во Лестер.
„Јасно ми е дека ни претстои тешка битка. Едно е да освоиш трофеј, но истиот да го одбраниш, тоа е најголемиот предизвик во фудбалот. Ние дефинитивно ќе дадеме се од себе за да стигнеме до нова титула, а јас само се надевам дека ќе стартуваме добро, за да не ми се повтори судбината на Жозе Мурињо и на Клаудио Раниери, кои добија откази неколку месеци по освојувањето на титулите“ – истакна Конте.
Челси одбраната на шампионскиот трофеј ќе ја стартува со дуелот против Барнли, закажан за 12 август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА