Иако за добро упатените во фудбалот и не e некакво големо изненадување, навистина неверојатно е што се случува на пријателските натпревари на европските клубови за време на подготовките во Анталија, Турција и на Кипар.
Меѓународната некомерцијална организација за откривање и пријавување на сомнителни активности во фудбалот, „Федербет“, деновиве реализираше истражување преку кои се откриени бројни местени натпревари за време на подготовките во Анталија и на Кипар.
Издвоени се натпревари меѓу романски и руски клубови, кои се местени, поголемиот дел од нив, од страна на судии кои на клубовите, но и на обложувалниците, им помагале да погодат „број на голови“.
Еден натпревар е оној меѓу романски Клуж и УФА (Русија). Пред крајот на полувремето играчите веќе се подготвуваа за пауза, но судиите ги запрепастија сите присутни со продолжување на полувремето дури за седум минути. Во судиското продолжение досудија и сомнителен пенал за Клуж, откако Романците свесни за пародијата намерно не го реализираа, судиите постојано го повторуваа пеналот…
„Кога се шутираше пеналот, стоев покрај помошниот судија. Помошникот кога виде дека нема гол го крена знамето. Се беше однапред наместено. Тогаш сфативме дека ако треба ќе се шутира пеналот се додека не се постигне гол“ – вели тренерот на УФА, Перескоков.
Вториот натпревар е меѓу Урал (Русија) и Астра (Романија) кој заврши со 4-2, а на кој се уплатени големи средства за постигнување повеќе од три гола.
Издвоен е и дуелот во Анталија меѓу Пандурии (Романија- и Крилја Советов (Русија), на кој немаше голови во првите 35 минути. Првата спорна ситуација е во 38. минута кога судијата досуди ‘невиден’ пенал, а пет минути подоцна беше досуден уште еден пенал… (Спорните ситуации се на временскиот исечок – 2:20…)
На дуелот Астра (Романија) и Погон (Полска) кој заврши со 3-1, повторно е досуден пенал по уфрлување од страна и без никаква причина.
Овој натпревар е интересен по тоа што романскиот репрезентативец Кристијан Сапунару свесен за судискиот подарок само му ја додаде топката од белата точка на противничкиот голман. Судиите го натераа да го повтори пеналот, а топката ја презеде Даниел Никулае и испрати топката покрај голот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА