Болт: Сакам да играм во топ-лига, мали клубови не ме интересираат

Двата тренинзи што Усаин Болт ги одржа со тимот на Борусија Дортмунд само го зголемија оптимизмот кај повеќекратниот олимписки првак дека наскоро ќе може да почне професионална фудбалска кариера. Тренерот на Борусија, Петер Штегер, истакна дека поранешниот атлетичар е предалеку од нивото за професионален фудбалер, но Болт нема намера да се откаже од својот сон – да заигра фудбал на највисоко ниво.

„Имам 31 година и верувам дека можам да играм квалитетно најмногу четири сезони. Затоа не сакам да си го губам времето во помали клубови, желба ми е да играм во топ-лига, една од петте најдобри во Европа. Верувам дека ако продолжам да работам напорно, оваа желба наскоро ќе ми се исполни. Завршив со атлетиката и сега ми е потребен нов предизвик во животот. Поседувам фудбалски квалитети и сакам да го докажам тоа и на највисоко ниво“ – изјави Болт.

Се вчитува...