Со 41 поен и со 11 асистенции Џејмс Харден го предводеше Хјустон до изненадувачки тесната победа над најслабиот тим во лигата Феникс од 108-102. Феникс имаше добар почеток на мечот, Хјустон направи резултатски баланс, а потоа тимот на Кокошков со минимална предност влезе во завршницата од мечот, но следуваше серија од 7-0 на „рокетс“ која ја донесе победата.
Покрај Харден, Клинт Капела имаше дабл-дабл ефект од 14 поени и 11 скока, Ерик Гордон постигна 19 поени. Кај Феникс, Девин Букер беше одличен со 29 поени.
Хјустон е трет на Запад со ефект од 43/26, има победа повеќе од Портланд кој славеше над Њу Орлеанс со 122-110, а има натпревар повеќе. Сан Антонио по триумфот над Њујорк од 109-83 е на шестото место во Западната конференција. Спарс ја забележаа шестата последовна победа.
Лос Анџелес Клиперс е се поблиску до плеј-офот по триумфот над Чикаго од 128-121, има биланс 40/30 и дури седум победи повеќе од најблискиот конкурент Сакраменто.
Милвоки со победата над Мајами од 113-98 се зацврсти на лидерската позиција на Исток, а со скор од 52-17 е најдобар и во лигата. Јанис Адетокумбо со 33 поени и 16 скока повторно имаше брилијантна партија. Мајами е осмопласиран во Источната конференција со скор 32/36, ист број победи како и деветтопласираниот Орландо, но „жешките“ се со два натпревара помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА