Фабрегас го состави идеалниот тим на фудбалери со кои има играно

Легендарниот шпански фудбалер Цеск Фабрегас го одбра најдобриот тим од фудбалери со кои играл во кариерата. На голот на тимот се наоѓа Икер Касилјас. Во одбраната се Дани Алвеш, Жерар Пике, Џон Тери и Жорди Алба. Во средниот ред Фабрегас ги одбра Патрик Виеира и Андрес Иниеста. На крилните позиции тој ги одбра Лионел Меси и Еден Азар, а во нападот се Тиери Анри и Диего Коста.

Шпанецот во својата кариера настапуваше за Арсенал, Барселона и Челси, а во јануари потпиша за францускиот клуб Монако. Фабрегас со репрезентацијата на Шпанија го освои Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година, како и Европските првенства 2008 и 2012 година.

 

Се вчитува...