Пепе му нуди 600.000 евра на поранешен соиграч, за победа против Бенфика

Голема драма не очекува во завршницата на португалското првенство во кое Бенфика и Порто се борат за титулата. Тимот од Лисабон на два натпревари до крајот на првенството има предност од два бода, пред најголемиот ривал, а во следното коло и двата тима имаат тешки гостувања. Бенфика игра со Рио Аве, а Порто со Национал.

Рио Аве може да му помогне на Порто во борбата со Бенфика, а искусниот стопер Пепе одлучи на играчите на тимот на Рио Аве да им понуди 600 илјади евра за победа. Пепе пораката за наградата му ја пренел на поранешниот соиграч од Реал Мадрид и португалската репрезентација Фабио Коентрао, кој во моментов ги брани боите на клубот од северот на Португалија.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...