Шокантно: Гром погоди фудбалер на тренинг (видео)

Шокантна видео-снимка пристигнува од Русија, откако гром го удри 16-годишниот голман Иван Заборавски за време на тренингот на неговиот клуб Знајма Труда. Тинејџерот е член на најстариот фудбалски клуб во Русија, кој моментно се натпреварува во третата лига на оваа земја, а целата случка е уште пошокантна ако се знае дека во тој период не станувало збор за никакво невреме.

„Небото беше чисто. Малку облаци и тоа е тоа, немаше ниту дожд, ниту ветер. Да имаше грмотевици воопшто немаше да тренираме надвор. За среќа, сите реагираа многу брзо и крајно професионално. Итната помош стигна за осум минути“, изјави генералниот директор на Знајма Труда, Игор Мајоров.

Руските медиуми информираат дека Заборавски бил ставен во индуктивна кома, но неговата состојба е стабилна и рехабилитацијата се движи во позитивна насока.

Се вчитува...