Серена Вилијамс за еден месец му се враќа на тенисот

Американската тенисерка Серена Вилијамс ќе се врати на терените на првото издание на турнирот кој од 10. до 16. август ќе се одржи во Лексингтон, САД. 23-кратната грен-слем шампионка последниот меч го имаше во февруари во ФЕД купот за репрезентацијата на САД.

Турнирот во Кентаки е еден од двата нови заедно со тој во Прага, кој минатата седмица го потврди извршниот директор на ВТА Стив Сајмон, како додатоци на обновениот календар поради пандемијата од коронавирусот. За потсетување сезоната ќе продолжи на 3. август со турнирот во Палермо.

Се вчитува...