Докторот на Марадона под истрага: Диего починал порано, докторот 12 часа прикривал траги!?

Светските медиуми денеска како ударна вест ја пренесуваат информацијата дека Јавното обвинителство на Аргентина покренало истрага против личниот доктор на Диего Армандо Марадона. Нареден е претрес на домот на докторот Леопдолд Луке, како и неговата клиника.

Според наводите, има индиции дека докторот пренел голем број лажни информации околу времето и причините за смртта на легендарниот аргентински ас.

Дел од медиумите тврдат дури и дека Марадона починал ноќта, 12 часа пред да бидат официјално известени надлежните органи и брзата помош. Индикации за тоа лежат и во фактот дека медицинската сестра даваше најпрво лажни изјави околу тоа кога починал Диего, а кои потоа ги повлече, како што самата изјави, затоа што била приморана на истото.

Полицијата и обвинителството смртта на Марадона, наводно, ја третираат како убиство од небрежност но, секако, за тоа ќе треба да се соберат доволно докази за да се докаже.

Истражителите од денеска го испитуваат и целиот медицински персонал кој бил вклучен во грижата за одржување на здравјето на Марадона по операцијата на мозокот. Инаку, токму Лупе заедно со медицинската сестра која го промени исказот ја повикале брзата помош кога легендарниот фудбалер имал срцев удар во својот дом.

 

Се вчитува...