Германија фуриозно ги стартуваше овие квалификации триумфирајќи над Исланд со 3-0. Избраниците на Јоаким Лев уште во седмата минута имаа водство од 2-0, најпрвин Горецка постигна убав гол на додавање на Гнабри, додека на 2-0 зголеми Каи Хаверц на асистенцијата на Лирој Сане.
Целосната доминација на теренот беше крунисана и со трет погодок, дело на Гундоган во 56. минута. За потсетување, Германија е третиот ривал на нашата репрезентација во мартовските квалификации, меч што е закажан за 31 март во Дуизбург.
Ерменија дури во самата завршница го скрши отпорот на Лихтенштајн, триумфирајќи со 0-1 на гостувањето против аутсајдерот во групата. Ерменците имаа дури 24 удари кон противничкиот гол, за на крајот Фромелт со автогол да им донесе голема радост.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА