Она што се чинеше како завршена работа е сè повеќе „во магла“. Бокс-мечот помеѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа за титулата апсолутен светски шампион во супертешка категорија најверојатно нема да се одржи оваа година.
Боб Арум, промоторот на Тајсон Фјури, вели дека договорите за борба во Саудиска Арабија се далеку од завршени, и тој посочува дека можеби и двајцата боксери треба да бараат други ривали оваа година.
„Постојат многу работи кои не се решени. Прво не се обезбедени правата за организација и емитување. Преговорите може да траат со месеци. Борбите во јули или август изгледаат како невозможна мисија. Не верувам дека натпреварот ќе се одржи до крајот на годината. Можеби и Фјури и Џошуа би можеле да најдат нови противници, сè додека не решиме сè“, рече Арум.
Пред само неколку дена, Арум само рече дека остануваат само мали работи за да се договорат и дека натпреварот сигурно ќе се одржи во текот на летото.
„Слушнав дека Херн, претставникот на Џошуа, рече дека сè е готово. Сепак, постојат многу компликации. Фјури нема да чека, туку ќе се сврти кон другите противници“, вели Арум.
Борбата меѓу Џошуа и Фјури беше најавена како „најбогатата“ во историјата на боксот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА