Веќе неколку месеци има сомнежи дека Диего Армандо Марадона бил убиен со предумисла, пренесуваат светските медиуми.
Медиумите пренесуваат дека седум лица се осомничени и забрането им е напуштање на Аргентина. Меѓу обвинетите се неврохирургот Леполд Луке, психијатарот Агустин Косаков , психологот Карлос Дијаз, како и медицинските работници Дајана Мадрид, Рикардо Алмирон, Маријано Перони и Ненси Форлин.
Доколку се докаже дека се виновни за смртта на Марадона можно е да се соочат и со казна затвор од 25 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА