Легендарниот бразилски фудбалер Пеле (80) објави детали за неговото опоравување по операцијата за отстранување на тумор на дебелото црево преку својот профил на Инстаграм. Трикратниот светски шампион и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња минатата недела итно беше вратен на одделот за интензивна нега поради респираторни проблеми.
Откако неговата состојба се стабилизира, Пеле продолжи со пост-оперативното закрепнување.
„Опкружен сум со љубов и охрабрување, секој ден се чувствувам малку подобро. Со мини кардио вежби и возејќи велосипед, наскоро ќе се вратам во Сантос, нели…“, напиша Пеле покрај видеото направено од неговата сопруга.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА