По руската инвазија врз Украина, фудбалскиот клуб Краснодар западна во финансиски проблеми. Раководството на овој тим преку ноќ е доведен до агонија. Санкциите воведени против Русија доведоа до тоа да има финансиски колапс на еден од најстабилните фудбалски екипи.
Но, последните денови ситуацијата дополнително е искомплицирана. Сметката им е блокирана, така што не може ниту да им се исплати плати на фудбалерите, а голем дел од странците веќе си заминаа. Исто така проблем претставува и превозот на играчите, раководството нема средства за авионски билети.
Затоа е одлучено на следниот натпревар екипата да патува со автобус. Тимот ќе игра против УФА, во град кој е оддалечен 2.000 километри од Краснодар. Ќе патуваат околу 28 часа.
Краснодар во моментов е петти на табелата со 10 бода заостанување од Зенит кој е прв.
Минатата сезона овој тим играше и во групната фаза во Лигата на шампионите, каде заедно со Севилја, Челси и Рен заврши на третото место на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА