Црногорските навивачи го имаа потегот на мечот на синоќешниот дуел меѓу Црна Гора и БиХ (1-1) откако цела трибина почна да скандира „Бурек со сирење“.
Пораката беше испратена до противничките играчи и навивачи, поради нивниот добро познат став – дека бурек може да биде подготвен само со едно нешто, со МЕСО.
Црногорците најдоа идеален начин симпатично да ги „пецнат“ соседите, притоа станувајќи ги главна тема во регионот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА