Селекторот на хрватската фудбалска репрезентација, Златко Далиќ му одговори на неговиот канадски колега, Џон Хердман за изјавата во која вика дека ќе ги „е*ат Хрватите“, пред мечот од 2. коло.
Тој вели дека тоа е неговиот начин на култура, а нивна задача е да покажат на теренот дека се подобри од Канаѓаните.
„Мора да бидеме внимателни, нема лесен ривал во групата. Целта ни е да играме подобро од натпреварот со Мароко. Канада требаше да победи, беше подобра и загубија поради една грешка. Не очекува опасен ривал. Видов што изјави Џон Хердман. Секој од нас има свој начин на комуникација, а тој се изрази како што се изрази. Не знам дали тоа беше убаво, ние мора да покажеме на теренот дека сме подобри. Ќе го искористам тој момент за дополнително да го мотивирам тимот“, кажа Далиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА