Трката за титулата во ракометниот плејоф ќе биде суперинтересна до самиот крај откако Вардар славеше во денешното дерби против Еурофарм Пелистер со 24-20, намалувајќи ја разликата меѓу двата тима на само два бода.
Тренерот на „црвено-црните“ Владо Недановски вели дека нивна главна цел до крајот на сезоната ќе биде да победат на сите мечеви и да чекаат на кикс на најголемиот ривал.
„Наша цел на вчерашниот меч беше да победиме и тоа успеавме да го оствариме. До крајот ние одиме да победиме на секој меч, но сепак не е веќе до нас. Нормално е дека ќе чекаме на кикс на Пелистер, иако тоа ќе биде многу тешко. Пелистер покажа сезонава дека е квалитетен тим, а сето тоа е нормално бидејќи беше дел и од Лигата на шампионите. По се што ни се случуваше сезонава, навистина јас имав и играчка кариера 20 години и не се сеќавам некогаш во мојот тим да имало дури седум повредени ракометари. На крајот по се што ни се случуваше за нас и второто место ќе биде успешна сезона“, изјави Недановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА