Жирона може да не игра ЛШ поради Манчестер сити

Конзорциумот од Емирати Сити Груп, мнозинскиот сопственик на фудбалскиот клуб Манчестер Сити, ќе мора да го намали својот финансиски удел во клубот од Џирона, за да може каталонскиот тим следната сезона првпат да се натпреварува во Лигата на шампионите, објави УЕФА.

За да се избегне конфликт на интереси, УЕФА не дозволува две екипи со ист сопственик да учествуваат во исто европско натпреварување.

Жирона, која е 47 отсто во сопственост на Сити Груп, на почетокот на сезоната беше уверена дека нема да има проблеми и дека ќе ги почитува правилата на УЕФА, бидејќи не е во мнозинска сопственост на конзорциум од Емирати.

Но, според прописите на одделот за финансиска контрола на клубот на УЕФА (CFCB), доволно е финансиерот да има 30 отсто сопственост, или во некои случаи само 10 отсто доколку е главен акционер на клубот.

За да и Манчестер Сити и Жирона следната сезона играат во Лигата на шампионите, Сити Груп до 3. јуни ќе треба да го намали уделот во сопственичката структура на Каталонците.

Минатата сезона, истото правило за повеќекратна сопственост на клубови доведе до три истраги – Тулуз и Милан, Астон Вила и португалска Виторија и Брајтон и Унион Сен Жило.

Се вчитува...