Витсел ја спаси Борусија од бламажа во Купот на Германија

Алекс Витсел во своето деби за Борусија Дортмунд ги спаси „милионерите“ од голема бламажа во Купот на Германија. Борусија беше на работ на елиминација уште во првото коло откако до самиот крај губеше од Гројтер со 1-0, за „резервистот“ Витсел да погоди во 95. минута и да го одведе мечот во продолженија.

Финишот беше кобен за второлигашот Гројтер и во продолженијата, па наместо пенали Борусија стигна до второто коло со гол во 121. минута, што беше дело на Марко Ројс на аситенција на младиот Санчо.

 

Се вчитува...