Англичаните имаат „херој“: Знам како да го запрам Мбапе

Aнглија и Франција ќе играат во четвртфиналето на Светското првенство. Главен проблем за Англичаните ќе претставува неверојатниот Килијан Мбапе кој досега постигна пет гола на шампионатот.

Кајл Вокер ќе биде човекот кој ќе биде задолжен за Мбапе. Тој не мисли лесно да се предаде и да му постели црвен тепих.

„Натпреварот не е Англија против Мбапе или Вокер против Мбапе, натпреварот е Англија против Франција. Ќе покажеме респект кон Килијан, но нема да му постелам црвен тепих за да постигне гол. Ќе биде да се биде или не.  Сфаќам што треба да направам за да го сопрам на теренот. Полесно е да се каже отколку да се направи, но нема да се потценам себеси. Сум играл против многу големи играчи во кариерата и на ова гледам како на натпревар плус. Ќе го добие респектот кој го заслужува, но не премногу. Ние сме Англија, а фудбалот не го сочинува само еден играч, ова не е тенис“, вели Вокер. 

Натпреварот меѓу Англија и Франција ќе се игра в сабота со почеток во 20 часот.

Се вчитува...