АБА без милост: МЗТ Скопје жестоко казнет

МЗТ Скопје ќе мора да го игра наредниот домашен натпревар од АБА2 лигата пред празни трибини, а згора на тоа македонскиот првак е казнет и со парична санкција од 15.001 евро, како санкција за однесувањето на навивачите и прекинот на дуелот во СЦ „Јане Сандански“ против Сутјеска.

Овој меч, на кој „металците“ забележаа рутинска победа, беше прекинат поради однесувањето на најверните фанови на аеродромци, судиите бараа салата да биде испразнета, а по прегледувањето на снимката и на делегатскиот извештај, дисциплинецот Саша Павличиќ – Бекиќ не покажа милост кон македонскиот првак.

Останува да се види реакцијата на аеродромци, кои по речиси секоја повисока казна изречена од КФСМ наоѓаа изговори кон куќата на кошарката дека се престрого санкционирани за однесувањето на нивните навивачи. Сепак, сега санкцијата доаѓа од регионалното натпреварување, па ќе биде интересно да се види дали „металците“ ќе имаат храброст да влезат во конфликт со челниците на АБА како што тоа го прават на македонската кошаркарска сцена.

Се вчитува...