АБА и го врати бодот на Црвена Звезда и ја намали и паричната казна за неодиграниот меч со Будуќност

На Црвена Звезда и вратен бодот одземен поради неодиграниот натпревар од АБА во Подгорица, а ќе и биде намалена и паричната казна што и беше одредена од Лигата. Црвено-белите ќе треба да платат 15 ооо евра наместо првичните 20 илјади евра. Одлуката да и биде вратен одземениот бод доби потврда на офцијалниот сајт на АБА каде што на Звезда има 24 бода и е на делба на четвртото место со скор 9-6.

Жалбената комисија на АБА проценила дека отсуството на Звезда било оправдано во моменти на нестабилна политичка ситуација меѓу Србија и Црна Гора. Со ова белградскиот клуб нема да ги сноси трошоците за организацијата на натпреварот како што беше првичниот предлог на дисциплинскиот комесар на натпреварувањето.

Се очекува АБА лигата да го регистира натпреварот со службена победа на Будуќност од 20-0, а да биде отфрлено барањето на Црвена Звезда за нов термин за средбата.

 

 

Се вчитува...