АБА лига: Цедевита Олимпија го совлада Партизан и израмни на 1:1

Во вториот полуфинален натпревар во АБА лигата, Цедевита Олимпија израмни во серијата против Партизан на 1:1. Словенечкиот тим успеа да го совлада составот од Белград со 95:83, благодарение на одличната игра во текот на целиот натпревар, иако разликата ја направи во вториот период кој го доби со 22:15, па на полувреме замина со предност од 10 разлика која ја одржуваше до крајот.

Во вториот дел секогаш кога Партизан ќе намалеше од предноста (во еден момент дојде до негатива од два разлика), Цедевита Олимпија правеше серија од неколку поени, и повторно доаѓаше до добра предност.

Најефикасен на мечот беше Кевин Пантер со 24 поени, но неговите поени не донесоа втора победа на Партизан. Ферел кај домашните со 21 поени.

Црвена Звезда е веќе во финалето на АБА лигата и го чека победникот од овој дуел во битка за големиот пехар.

Се вчитува...