Учесниците во плеј-офот во регионалната кошаркарска АБА лига, Црвена Звезда, Будуќност, Цедевита и Партизан добија огромни казни од дисциплинската комисија на натпреварувањето во вкупен износ од 151.100 евра, поради лошата организација на натпреварите и нанесената штета на имиџот на лигата.
Покрај паричната казна од 35.000 евра за лошата организација на „мајсторката“, Црвена Звезда е казнета и со два натпревари без публика и дополнителни три во кои право да го бодрат клубот ќе имаат само жени и деца помали од 14 години. Вклучувајќи ги и претходните казни кои српскиот шампион ги доби изминатата сезона вкупната сума за 2019 година изнесува 82.500 евра.
Поради недоличното однесување во текот на мајсторката со казна од 3.300 евра се соочува тренерот на Будуќност, Јасмин Репеша. Вклучувајќи ги и претходните санкции во текот на сезоната касата на „црногорскиот тим“ ќе биде намалена за 42.000 евра.
Партизан е казнет со вкупно 24.000 евра поради лоша организација на натпреварите и изјави во медиумите кои го оштетиле имиџот на АБА. Цедевита помина најдобро, бидејќи хрватскиот тим се соочи со казна од „само“ 2.600 евра.
Голема е тензијата меѓу тимовите во регионалното натпреварување, што го доведува до прашање неговото понатамошно егзистирање, иако голема заинтересираност за настап покажа грчкиот великан Олимпијакос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА