АБА жестоко ја казни Црвена звезда

АБА-лигата жестоко ја казни Црвена звезда за хаосот што се случуваше во пресрет на мајсторката против Будуќност, кога при загревањето гостинските кошаркари беа нападнати од навивачи на „црвено-белите“. Новиот шампион првите две домашни средби од наредната сезона ќе ги игра пред празни трибини, а следните три средби како домаќини „црвено-белите“ ќе можат да ги бодрат само жени и деца до 14 години.

Покрај ова, српскиот тим ќе плати и парична казна од 35.000 евра за создадениот хаос. Тренерот на Будуќност, Јасмин Репеша, ќе треба да плати 3.300 евра за непојавувањето на задолжителната прес-конференција по натпреварот.

Јасно е дека во црногорскиот состав ќе бидат незадоволни од овие казни, во ситуации кога бараа поништување на решавачкиот натпревар, што Црвена звезда го доби со убедливи 97-54.

Се вчитува...