Абази: Среќен сум за мојот дебитантски гол, уште посреќен за победата

Македонија ЃП дојде до четвртата победа во сезоната. На тешкото гостувње во Прилеп, „лавовите“ стигнаа до триумф од 1-3, благодарение на головите на младите фудбалери Аган Абази, Емир Скендери и Филип Алексовски.

За Абази ова беше прв гол во првенството за ѓорчепетровци. 20-годишното крило е среќен поради погодокот, вели дека е задоволен од довербата која ја добива и се надева дека Македонија ЃП ќе тргне во долга серија на добри резултати кои ќе го налсираат тимот кон горниот дел на табелата.

„Секако сум среќен поради голот. Тоа беше мој прв гол во дресот на Македонија ЃП во првенствените натпревари. Но, најважно е што мојот тим на крајот победи на ова тешко гостување. Исто така би сакал да ја искажам благодарноста до стручниот штаб за довербата, а јас на секој меч ќе дадам максимум за да остваруваме победи“, рече Абази и додава: 

„Тимот е во добра форма, и се надевам дека ќе продолжиме во ист стил и понатаму. Три натпревари во првенството сме без пораз, поминавме и во Купот, и би сакал оваа серија да продолжи и во следните натпревари“, вели Абази. 

 

Се вчитува...