Абидал се извини – Барселона ме научи на нешто важно во животот

Спортскиот директор на Барселона Ерик Абидал се огласи откако соблекувалната на Каталонците ја зафати голем потрес поради лошиот однос на раководството и фудбалерите.

„Научив една многу важна работа. Проблемите во тимот се решаваат во соблекувалната, не преку медиумите. Во клубот постоеше проблем во комуникацијата. Односот меѓу тренерот и екипата секогаш беше добар, но постоеја некои работи кои како поранешен фудбалер можев да ги почувствувам. Реков на клубот што мислам околу тоа и донесовме одлука да го смените Валверде“, изјави Абидал. 

За потсетување Французинот влезе во конфликт со првата ѕвезда на тимот, Лионел Меси откако јавно изјави дека фудбалерите се вистинските виновници за заминувањето на Ернесто Валверде од клупата на Барселона.

Се вчитува...