Абрахам херој за Рома во „крвавото дерби“ против Аталанта (ВИДЕО)

Рома стигна до минимална победа над Аталанта од 1-0 во натпреварот од 28. коло во италијанската Серија А. Клучниот момент во мечот се случи во 32. минута кога Теми Абрахам донесе злато вредни три бода за домаќините во борбата за Лигата на шампионите.

Интересно беше во финишот на мечот кога фудбалерот на гостите Де Рон и Хенрик Мкхтаријан добија црвени картони.

Се вчитува...