Арсенал се откажува од Тросар

Белгискиот репрезентативец Леандро Тросар е пред трансфер во Бешикташ.

Кога се зборува за хероите кои придонесоа титулата по 22 години повторно да заврши во витрините на Арсенал, мора да се спомене и Леандро Тросар. Од вкупно шесте гола во Премиерлигата, Белгиецот го постигна и оној што веројатно беше клучен за титулата, бидејќи беше единствениот стрелец на натпреварот против Вест Хем, одигран три кола пред крајот на првенството.

Сепак, учинокот од осум гола и 11 асистенции во сите натпреварувања не е доволен за тој да си обезбеди сигурно место во тимот на Микел Артета. Згора на тоа, се чини дека тој повеќе нема ни да игра на „Емирати“.

Според најновите информации, Бешикташ покажал голем интерес. „Црно-белите“ од Истанбул постигнале договор со новиот шампион на Премиерлигата, според кој висината на обештетувањето изнесува 20 милиони евра. Останува уште да се договорат личните услови со играчот.

Се вчитува...