Абрамович донесе конечна одлука за Челси: Три заинтересирани купувачи на „сините“

Рускиот тајкун и долгогодишен сопственик на Челси, Роман Абрамович ја донесе конечната одлука околу лондонскиот клуб. Русинот и дефинитивно одлучи да го продаде клубот кој го купи во 2003 година. Веќе се спомнуваат и три потенцијални купувачи на „сините“.

Како што тврдат британските медиуми, покрај најбогатиот Британец Џим Ретклиф заинтересирани се и групации од САД и Азија.

Абрамович последен пат на меч на Челси бил во мај минатата година. Тогаш се пресели во Тел Авив откако не му беше одобрена британска виза.

„Постои сериозен интерес за клубови од Премиерлигата. Договорите за ТВ правата се астрономски, а од следната сезона се очекува да бидат и уште поголеми. Затоа постои интерес. Челси е и тоа како интересен клуб“ – велат од компанијата „Оуквел Капитал“ која посредува при купувањето на англиски клубови.

Инаку, Абрамович вредноста на Челси ја проценува на 2,5 милијарди фунти.

Се вчитува...