Абрамович емотивно се прости од Челси: Беше чест да се биде дел од овој клуб

Роман Абрамович е историја за Челси. Русинот го напушта клубот после 20 години, откако денеска беше објавена успешната продажба на клубот. Рускиот милијардер беше принуден да го продаде тимот по руската инвазија врз Украина.

Тој во емотивно обраќање се прости од „сините“.

„Поминаа скоро три месеци откако ја објавив мојата намера да го продадам ФК Челси. За тоа време, тимот работеше напорно за да го најде вистинскиот сопственик за ФК Челси кој би бил најдобро позициониран успешно да го води клубот во неговото следно поглавје. Сопственоста на овој клуб доаѓа со голема одговорност. Откако дојдов во Челси пред речиси дваесет години, од прва рака бев сведок на сите успеси на овој клуб. Мојата цел беше да се осигурам дека следниот сопственик има начин на размислување што ќе овозможи понатамошни успеси на машкиот и на женскиот тим, како и волја и желба да продолжиме да ги развиваме другите клучни аспекти на клубот, како што се Академијата и работата на Фондацијата Челзи.

Задоволен сум дека дојде до успешен договор. Додека го предавам Челси на неговите нови сопственици, би сакал да им посакам се најдобро, и на теренот и надвор од него.

Беше чест цел живот да се биде дел од овој клуб – би сакал да им се заблагодарам на сите минати и сегашни играчи, персоналот и секако навивачите на клубот за овие неверојатни години. Горд сум што како резултат на нашите заеднички успеси, милиони луѓе сега ќе имаат корист од новата добротворна фондација која се формира. Ова е наследството што го создадовме заедно.

Ви благодарам. Роман“, се вели во писмото на Абрамович.

Се вчитува...