Абрамович сепак нема да ги намалува платите во Челси

Челси сепак нема да им ги намалува платите на играчите од првиот тим. Клубот денеска ги појаснува информациите кои беа објавени за наводен договор со фудбалерите за намалување од 10 проценти.

„Намалување на платите на првиот тим нема да има. Со играчите водевме разговори низ кои баравме начини како заеднички да помогнеме во зачувувањето работни места и за обештетувањето на навивачите. Благодарни сме им на фудбалерите за вклученоста во акциите за помош во нивните родни земји како и во акциите низ Англија. Ги советуваме да донираат и натаму“ – велат од Челси.

„Сините“ од Лондон објавија дека нема да праќаат вработени на принуден одмор ниту пак дека ќе ги користат владините мерки за помош. Хотелот на „Стемфорд бриџ“ веќе го користат лекарите и медицинскиот персонал од државниот здравствен систем.

Се вчитува...