Абрамович со сензационален потег за своја душа: Челси спрема пари за кам-бек на напаѓачот на Реал?

Кога има намера за нешто, тешко е било што да го одвлече вниманието на Роман Абрамович од неговата цел, па од Шпанија пристигнаа интересни вести.

„Ел Национал“ пишува дека првиот човек на Челси е заинтересиран повторно да го види Еден Азар во Лондон. Белгиецот пристигна во Реал Мадрид во 2019 година како голема желба на Флорентино Перез, но не успеа да ги оправда големите очекувања на „Бернабеу“.

Лошата форма, лошата физичка состојба, но и повредите го спречија одличниот фудбалер да го покаже својот раскошен талент, а наводно веќе се започнати прелиминарните разговори меѓу двата клуба.

„Кралскиот клуб“ не ја отфрли можноста да се раздели со 30-годишниот Азар со цел да направи простор за нови светски ѕsвезди, но Челси во моментов има доволно играчи со слични квалитети во форма на Каи Хаверц, Хаким Зијех, па дури и Кристијан Пулишиќ.

Се поставува и прашањето како Азар би се вклопил во системот на Томас Тухел, кој се базира на неспорна дисциплина, Германецот е познат како бескомпромисен по тоа прашање.

Се вчитува...