Адебајор си најде нова „тезга“ во Турција

Поранешниот фудбалер на Арсенал, Емануел Адебајор е нов член на турски Кајсериспор.

35-годишниот фудбалер од Того по завршувањето на договорот со Башакшехир, денеска се договори за трансфер во редовите на Кајсериспор, па по утрешните лекарски прегледи се очекува и официјално потпишување на договорот.

Адебајор во својата кариера играше за Арсенал, Манчестер сити, Реал Мадрид и Тотенхем. Најголема трага остави во Арсенал каде пристигна во 2006 година од Монако за 10 милиони евра. Во овој клуб мина три години притоа со 142 настапи и 62 постигнати погодоци.

Се вчитува...