Откако последните шест месеци ги мина без клуб, Емануел Адебајор конечно си најде нов ангажман. Турскиот прволигаш Истанбул Башакшехир реши да ризикува со голгетерот од Того, потпишувајќи договор на 18 месеци со поранешниот фудбалер на Арсенал, Манчестер сити и Кристал палас. Бешикташ делуваше сериозно заинтересиран за овој голгетер, но откако актуелниот првак се повлече и реши да го ангажира Рајан Бабел, по што Башакшехир влезе во игра и експресно ги договори условите за соработка со Адебајор.
Тој веќе ги мина лекарските прегледи во Истанбул и го стави својот потпис на договорот што е со важност до јуни 2018 година.
„Верувам дека можам да играм на високо ниво, Башакшехир е амбициозен клуб, а јас сум тука за да му помогнам во битката за највисок пласман“ – изјави Адебајор при потписот на договорот.
Башакшехир моментно е второпласиран во турското првенство со само два бода заостанување зад лидерот Бешикташ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА