Адеми е на чекор до ЛШ, Црвена Звезда до големи реми во Берн

Аријан Адеми е на прагот на групната фаза од Лигата на шампионите откако со Динамо Загреб триумфираше над Розенборг со 2-0 во првиот меч од последната квалификациска рунда. Хрватскиот првак ја оправда фаворитската улога и уште во првото полувреме ја осигура победата со головите на Петковиќ (од пенал) и на Орсиќ. Адеми вообичаено беше меѓу најдобрите поединци на теренот, давајќи сигурност во играта на својот тим на средината на теренот.

Многу интересно и неизвесно беше во Берн, каде Јанг Бојс и Црвена Звезда ремизираа 2-2, одличен резултат за „црвено-белите“ во пресрет на реваншот за седум дена на „Маракана“ во Белград. Јанг Бојс поведе во раната фаза од мечот, но Црвена звезда најпрвин израмни со голот на Дегенек со неверојатна парабола при ударот со глава, за на самиот почеток од вториот дел пресвртот да го комплетира Гарсија, кој со гол го круниса своето деби во црвено-белиот дрес. Конечните 2-2 од пенал ги постави Хоаро, откако ударот на белата точка беше досуден со помош на ВАР по прекршокот што го направи Боачи.

Олимпијакос неочекувано лесно и убедливо го совлада Олимпијакос со 4-0. Гереро беше стрелец во првото полувреме, а потоа судбината на рускиот претставник ја загорчи Ранѓеловиќ. Српскиот интернационалец веднаш по влегувањето во игра постигна два гола во 78. и во 85. минута, пред Поденс да ги постави конечните 4-0.

Се вчитува...