Адеми го пропушта хрватското дерби против Хајдук

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми ќе го пропушти хрватското дерби против Хајдук Сплит. Дуелот кој е закажан за утре на „Максимир“ ќе помине без капитенот на Динамо Загреб, кој се жали на повреда, откриваат хрватските медиуми. „Модрите“ имаат девет бода предност пред второпласираниот тим на Ријека, и дури 19 повеќе од Хајдук Сплит, кој се наоѓа на шестата позиција.

Адеми има понуда и да замине од Динамо Загреб оваа сезона. Ал – Итихад од Саудиска Арабија му нуди тригодишен договор и плата од 2,5 милиони евра по сезона. Ова е секако привлечна понуда за самиот фудбалер, но и за Динамо Загреб кој би заработил од трансферот. Тренер на Ал – Итихад е поранешниот хрватски селектор Славен Билиќ.

Се вчитува...