Адеми и дефинитивно ги одби милионите од Славен Билиќ и Ал Итихад

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми и дефинитивно ја одби богатата понуда од Ал Итихад од Саудиска Арабија на чие чело е поранешниот хрватски селектор Славен Билиќ.

Долго време се најавуваше можноста за преселба на Адеми на Истокот, но на крајот Динамо Загреб и македонскиот фудбалер одличија да го одбијат Билиќ чиј клуб е во жестока борба за опстанок.

Па, откако Адеми и Динамо Загреб го одбија Ал Итихад, клубот на Билиќ се одлучи да го донесе фудбалерот за врска на Јанг Бојс, Секоа Саного.

Како што е познато, Адеми претходно ја одби понудата и од француски Лил, па според последните најави веќе се оди во насока на негово останување во Динамо Загреб и за пролетните настапи на тимот во Лигата на Европа.

Се вчитува...