Адеми и Динамо Загреб на еден чекор до ЛШ

Аријан Адеми и Динамо Загреб се наоѓаат на само еден чекор до влез во групната фаза од Лигата на шампионите, откако вечерва во голем стил го елиминираа Ференцварош во третото квалификациско коло за елитното европско натпреварување. Првиот меч во Загреб заврши 1-1, но затоа Адеми и соиграчите вечерва среде Будимпешта го декласираше унгарскиот првак со 0-4.

Големата победа ја најави токму македонскиот репрезентативец, кој во 16. минута го отвори резултатот на асистенција на Дани Олмо. На стартот од второто полувреме Динамо поведе со 0-2 преку Петковиќ, а до крајот на мечот Олмо и Гојак ја запечатија судбината на Ференцварош. Последен ривал на Динамо во овие квалификации ќе биде Розенборг, кој денеска славеше и на реваншот против Марибор, со идентични 3-1 како и на првиот меч во Словенија.

АПОЕЛ приреди огромно изненадување со пласманот во следната рунда. Кипарскиот првак на првиот меч загуби од Карабах со 1-2, но денеска славеше на гостински терен со 0-2 и се најде на еден чекор до ЛШ. Бриж ремизираше 3-3 на гостувањето против Динамо Киев, елиминирајќи го украинскиот гигант од овие квалификации.

Се вчитува...