„Адеми почувствува болка на последниот тренинг, се надевам дека ќе биде подготвен за во јуни“

Фудбалската репрезентација на Македонија со тешка победа над Малта од 2-1 ги почна квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година во Германија.

Околу изоставувањето на Аријан Адеми во тимот, Милевски вели дека поради повреда не успеал да го доврши последниот тренинг, но се надева дека ќе биде подготвен за јунските мечеви против Украина и Англија.

„Во еден спринт Адеми почувствува  болка, а по направената магентна снимка се појави хематом. Се надевам дека не е ништо сериозно и ќе биде подготвен за наредните предизвици“, изјави Милевски.

Се вчитува...