Адеми со уште еден капитенски трофеј со Динамо Загреб (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми со Динамо Загреб го подинга трофејот во хрватското фудбалско првенство. Загреб одамна ја имаше осигурано титулата, која вечерва само официјално ја освои по победата над Вараждин од 2-0. Тренерот на Загреб ги одмораше првотимците меѓу кои и капитенот Адеми, а на теренот беа јуниорите на тимот. Ова за Динамо Загреб е 21. титула во домашниот шампионат, а за Адеми 9. трофеј со тимот.

Се вчитува...